Фасадна обработка:
Фасадната обработка т.е материјализацијата на објектот е од неколку различни комбинации на материјали:

Фасадна обработка, тип1:
Фасадните ѕидови на деловните простории во приземјето, предвидено е да бидат изработени од стакло-прозори и врати од под до плафон. Истата е изведена од алуминиумски носачи и термопан стакло со оптимални вредности за сите годишни времиња.

Фасадна обработка, тип2:
На катовите, фасадната обработка е демит фасада – блок шупла тула со дебелина 16см, термоизолациона исполна со минерална волна и парна брана од полиетилнска фолија од надворешна страна со дебелина од 8см. Од внатрешна страна завршната обработка е поликолор боја.

Фасадна обработка, тип3:
Во еден дел од становите (најчесто јужните балкони на спалните и детските соби почнувајки од 3, односно 4 кат па нагоре) фасадната обработка е структурална фасада. Истата е изведена од алуминиумски носачи и термопан стакло со оптимални вредности за сите годишни времиња.

Преградни ѕидови:
Преградните ѕидови се изработени од полна тула со дебелина од 12см, односно 25см (помеѓу санитариен чвор и останати простории). Употребената тула ги има следните димензии: 25х12х6.5 см.

Подови:
Подовите се проектирани во зависност од просториите и тоа со: гранитни плочи кај влезните партии и газиштата, паркет кај просториите за дневен простор, ќерамички плочки кај помошните простории, санитариите и балконите.